Со пријателски натпревар против српскиот Вождовац, Борец утре ќе ја одбележи 100-годишнината од постоењето. Дуелот кој ќе биде прослава на еден век постоење на велешкиот фудбалски клуб ќе биде одигран на градскиост стадион „Зоран Паунов – Паун“ во 16 часот. Борец, во актуелната сезона, по 19-години години се врати во највисокиот натпреварувачки фудбалски ранг во Македонија.
„Најстариот клуб во нашата земја одбележува 100 години, решивме по овој повод да организираме пријателски натпревар со Вождовац од Белград, екипа во која неодамна премина и играчот од редовите на Борец, Марко Горгиевски. Очекувам како и досега полни триби. Задоволство ми е што ги вративме навивачите на трибините. Очекувам навивачите да уживаат во фудбалот и сите заедно да го одбележиме овој значаен јубилеј на ФК Борец и на градот Велес“ – вели во пресрет на обележувањето на јубилејот, Кочо Анѓушев, ко-сопственикот на Брако, компацијата која што е сопственик на ФК Борец.
Фудбалскиот клуб Борец е основан во 1919 година во Велес е еден од најстарите спортски колективи во државата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













