Најтрофејниот македонски клуб Вардар е подготвен за стартот на вториот дел од сезоната во Втората лига Запад. „Црвено-црните“ донесоа неколку квалитетни засилувања, пред се Филип Гачевски и Дарко Мицевски и мисијата е враќање во елитата.
Ова во денешното обраќање го потенцира спортскиот директор Александар Бајевски.
„Со вчерашниот потпис на Бенјамин Демир го заокруживме овој зимски преоден рок во Вардар во кој покрај него ангажиравме уште четири нови играчи Филип Гачевски, Дарко Мицевски, Ване Јованов и повратникот од позајмицата во Осогово, талентираниот Иван Мицевски. Апсолутно сме задоволни од тоа како се одвиваше преодниот рок и драго ми е што доведовме се она што посакувавме, бидејќи засилувањата претставуваат огромен квалитет, репрезентативен калибар, потенцијал и влог во иднината. Играчките и човечките квалитети кои ги поседуваат им овозможија на сите новајлии брзо и лесно да се вклопат во системот и со својот професионален однос кон обврските да се прилагодат на нашите барања, свесни за тоа каква тежина носи вардаровиот дрес, сконцентрирани на основната цел зацртана од клубот која што е враќање во првата лига“ вели спортскиот директор на Вардар.
Во клубот се вратија искусни фудбалери кои во кариерата освојувале и шампионски титули.
„Доведовме играчи кои пред се знаат како се освојуваат титули со Вардар и кои се со целото срце во клубот. Целосно верувам во тимот кој го имаме во моментов, убеден сум дека имаме најдобар тим во лигата и доволно квалитет да ги исполниме сите наши цели, не само во моментов туку и во иднина. Лично сметам дека тимот е 70% посилен од првиот дел на сезоната и не се сомневам дека истиот понатака се повеќе ќе напредува во сите сегменти. Помеѓу имињата кои го засилија тимот би го вклучил и Никола Ристески од кого очекуваме во потполност да го покаже својот полн потенцијал откако по доаѓањето подоцна се вклучи во натпреварувачкиот ритам“, истакна Бајевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski