Актуелниот првак Шкендија ја совлада Струга ТЛ со 3-1 во Тетово на премиерата од вториот дел од сезоната. Сепак, негативата во однос на Шкупи и натаму останува големи осум бода.
Тренерот Бруно Акраповиќ е задоволен од изданието на својот тим и вели дека неговите фудбалери можеле да постигнат и многу повеќе голови, според создадените шанси.
„На овој тежок терен направивме многу убави акции, создадовме стопроцентни шанси. Погодивме три пати, но можевме да постигнеме можеби и осум. Им кажав на играчите дека наместо 3-1, веројатно резултатот требаше да биде 8-0. Но, со оглед на сите околности, првиот натпревар и тешкиот терен, момците дадоа максимум и создадоа многу шанси. А кога навивачите се задоволни, тогаш сме задоволни и ние“, изјави Бруно Акраповиќ.
Во следното коло, Шкендија му гостува на Борец во Велес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













