
По претходната победа над Македонија ЃП од 1-0, Работнички посакува позитивен резултат и на денешното гостување против Борец во Велес, во првиот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Романтичарите“ веруваат дека резултатската криза е стопирана, а со нова квалитетна партија ќе докажат дека местото им е повисоко на првенствената табела.
Но, и во таборот на Борец владее огромна мотивираност во пресрет на натпреварот меѓу двете последнопласирани екипи.
Интересно Борец на домашен терен во Велес не знае за пораз речиси две години. Последниот пораз бил во Купот на Македонија на 18. октомври 2017 година од Пелистер со 1-3. Низ актуелното првенство Борец дома ремизираше без голови со Вардар и ја победи Шкендија со 1-0. Триумф на велешани ќе ги извлече од дното.
ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ
УТРЕ (15:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (15 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
