Фудбалската репрезентација на Египет е вториот финалист на Африканскиот куп на нации. Селекцијата на Мохамед Салах во полуфиналето го елиминира домаќинот Камерун по изведување пенали (3-1) откако по 120 минути немаше голови на овој дуел.
Камерунците не реализираа дури три удари од белата точка. Херој беше голманот на Египет, Абдул Габал, кој скроти два пенали на противниците. На крајот, Н’џие го промаши целиот гол, а Египет избори пласман во финалето.
Ќе биде неверојатно интересно, со оглед дека финалната битка ќе донесе двобој меѓу соиграчите од Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане со своите национални селекции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













