Connect with us

Победи за Вардар и за Струга ТЛ, пораз на Силекс

Најтрофејниот македонски клуб Вардар имаше победнички старт на зимските подготовки во Анталија. Вардарци остварија триумф од 2-0 на пријателскиот наѕпревар против рускиот тим СКА Ростов.


Дејан Блажевски го отвори резултатот, а Ерен Парталко го постигна вториот гол за „црвено-црните“.
Силекс загуби со 4-1 од рускиот прволигаш Торпедо Москва. Стрелец на единствениот гол за кратовци беше Филип Стојчевски.

Струга Трим Лум славеше со 2-0 против косовскиот тим Драховеци. Стрелци на головите за стружани беа Бесир Рамадани и Валентин Кочоски.

Тиквеш ремизираше (2-2) против рускиот Кубан Краснодар, а головите ги постигнаа Мишов и Темелков.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови