Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар замина на подготовки во Анталија. Четири дена подоцна од првичниот план, откако се појавија проблеми со временските услови во Турција и затворен беше аеродромот во Истанбул, “црвено-црните” заминуваат во реализација на главната фаза од подготовките.
Тренерот Никола Глигоров низ четири пријателски натпревари ќе го воигрува тимот и ќе треба да го подготви за единствената цел – враќање во прволигашка конкуренција. Составот е засилен со искусните Филип Гачевски и Дарко Мицевски, има и уште неколку нови имиња, а сето тоа ќе треба да се вклопи во победничка машинерија која напролет ќе мора да ја надомести негативата во однос на Воска и на лидерот Силекс во Втората лига Запад.
Вардарци ќе останат во Анталија до 8.февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













