
Шпанскиот прволигаш Селта Виго е последниот клуб кој се заинтересира за ангажман на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Покрај Реал Сосиедад и Бетис од Ла Лига, и Милан и Торино од Серија А, сега и Селта е во трка за потписот на одличниот играч за врска.
Леванте тоне се подлабоко резултатски во Ла Лига, а тоа значи дека Енис Барди на лето, доколку тимот испадне од елитата, ќе биде слободен агент. Тогаш не би можела да се активира клаузулата за продолжување на соработката со Леванте за уште една година.
Оваа сезона Барди настапи на 14 натпревари за Леванте, деветпати беше стартер и постигна три гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski