Connect with us

Вардар ја совлада Академија Пандев, сега е четири чекори напред

Вардар ја зголеми предноста пред конкурентите на врвот на табелата во Првата лига, откако го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0. Сега „црвено-црните“ имаат 19 бода, откако го остварија шестиот последовен триумф во првенството. Вардар има четири бода предност пред Академија Пандев и дури девет пред актуелниот првак Шкендија, која вчера загуби од Шкупи со 2-0.

Даниел Аврамовски од пенал во 40.минута беше стрелец на единствениот гол на дербито на арената „Тодор Проески“. Тој беше успешен реализатор на најстрогата казна откако Јованов во петерецот непотребно го фаулираше Реис Жуниор.

Силекс го совлада Работнички со 1-0. Милош Жеравица во 26.минута на фантастичен начин изведе слободен удар и го совлада Шишковски. Погоди во горниот лев агол од неговиот агол, што на крајот беше сосема доволно за кратовци да ги освојат трите бода. 

Ренова успеа да слави против Борец со 2-1. Ремзифаик Селмани во 15.минута го отвори резултатот, а дури во финишот се случи пенал – разврска. Симеон Христов во 83.минута израмни на 1-1 со удар од 11 метри, а четири минути подоцна беше досуден и пенал за Ренова. 

Ударот на Мишковски од белата точка беше одбранет, но судијата го повтори пеналот, а успешен реализатор потоа беше Арџебнт Гафури за триумф на Ренова. 

Македонија ЃП славеше на гости против Струга Трим Лум со 0-2. Боби Божиновски беше стрелец на двата гола за „лавовите“, во 21. и во 61.минута од дуелот. 

Вчера, Шкупи го совлада актуелниот првак Шкендија со 2-0.               

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ  

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

РЕНОВА – БОРЕЦ 2-1

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

ВЧЕРА: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-0

Табела: Вардар 19, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 14, Ренова 13, Шкупи 12, Шкендија 10, Силекс 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Борец 5.  

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови