Ренова и Борец одиграа драматичен натпревар во кој домашниот тим победи со 2-1, откако судијата Мечкаровски во последните десет минути досуди два пенали.
„Гипсарите“ долго време водеа со 1-0 со голот на Селмани, а во 83. минута беше досуден пенал за Борец што Христов го претвори во израмнувачки погодок. Четири минути подоцна, пенал на другата страна и вистинска драма.
Најпрвин Мишковски не го реализираше ударот од белата точка, но судијата Мечкаровски нареди истиот да се повтори бидејќи голманот наводно излегол предвреме од гол-линијата. Гафури ја презеде одговорноста и за разлика од својот соиграч биеше прецизно, носејќи ги трите бода на Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













