Македонскиот второлигаш Охрид има ново раководство. Клубот го презедоа легендите на македонскиот фудбал Данчо Целески и Гоце Толески и нивната прва мисија ќе биде да се обидат да обезбедат опстанок во второлигашкото друштво. Истовремено, ќе мора да се направи комплетна реорганизација на клупски план, а секако да се засили тимот.
Охрид во пролетниот дел од првенството во Втората лига Запад ќе влезе со речиси комплетно нов состав. Ангажирани се дури 13 нови засилувања.

Дресот на Охрид ќе го носат дефанзивецот Арбен Тафа кој дојде од Велешта, стоперот Христијан Митрески од Слога Виница, голманот Дамјан Серафимов од Македонија ЃП, напаѓачот Роберт Митев од Силекс, левиот бек Марко Стојчески од Кадино, десниот бек Самед Кадриоски од Велешта, напаѓачот Александар Целески од Кораб, стоперот Мартин Лекоски како и фудбалерот од средниот ред Меритон Мерко кој е повратник од албанското првенство.

Исто така, приклучени се и неколку млади фудбалери кои треба да претставуваат иднина на клубот. Тоа се стоперот Филип Ѓоргоски и напаѓачот Лео Андрески од Вардар, како и играчите за врска Дамјан Ќосески и Ален Максути од Њу Старс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













