
Големата дерби пресметка во македонскиот шампионат денеска од 15 часот во Тетово. Шкендија во директен мегдан со Вардар во обид за можеби клучен приклучок во трката за шампионската титула, ако се знае дека „вардарци“ во моментов се на девет бода предност од тетовци.
Токму затоа во таборот на Шкендија, а посебно по поразот од Шкупи во претходното коло, силна е желбата против Вардар на домашен терен конечно да се покаже сиот свој квалитет.
Но, од друга страна против себе го имаат најдобриот тим на стартот од сезонава. Вардар игра во одлична форма од натпревар на натпревар нижејќи ги победите, па сигурно силна е амбицијата да се дојде до позитивен резултат и денеска во Тетово.
ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
