Вардар одолеа во Тетово, освои бод и ја задржа предноста од девет бода пред актуелниот првак. Најзаслужен за тоа беше капитенот Филип Гачевски кој блескаше на дуелот со Шкендија и излезе како победник во дуелите со противничките напаѓачи.
Гачевски имаше неколку фантастични одбрани, ги скроти ударите на Бесарт Ибраими со глава и на Шефит Шефити во последните мигови од мечот чувајќи ја мирна сопствената мрежа. Со ова го заслужи епитетот најдобар играч на 9.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Вардар останува на врвот на табелата за време на репрезентативната пауза со 20 бода, два повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













