Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, изјави за „Шпигел“ дека клубот сигурно нема да го продаде напаѓачот Ерлинг Халанд овој месец.
„Халанд нема да замине во јануари. Нема шанси тоа да се случи. Кој би се согласил да го продаде најдобриот напаѓач во Европа за време на зимската пауза кога нема потреба да го стори тоа?“, реторички праша директорот на „милионерите“.
Сепак, Вацке призна дека на клубот ќе му биде тешко да ја задржи својата ѕвезда следната сезона.
„Секако дека сакаме да остане, но знаеме дека тоа ќе биде многу тешко. Сепак, не значи и дека нема да се потрудиме да го задржиме Халанд и следната сезона“, објасни Вацке.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













