По доаѓањето на Киран Трипие, англискиот премиерлигаш Њукасл продолжува со нови засилувања во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми откриваат дека менаџерот Еди Хау сака да го зацврсти ѕидот пред голот и дека негова прва цел се дефанзивците Свен Ботман и Диего Карлос.
Ботман е дете на Ајакс за кого Лил плати 8 милиони евра во летото 2020 година. Има само 21 година и му претстои голема кариера, а Њукасл наводно подготвува уште посилна понуда, откако претходната од 30 милиони евра беше одбиена.
Еди Хау го сака и Диего Карлос од Севилја во тандем со него. Шпанскиот прволигаш сепак веќе одби понуда од 40 милиони евра за него.
Алтернатива за Свен Ботман и Диего Карлос е Самуел Умтити од Барселона, но Французинот упорно одбива да си замине од „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













