Connect with us

Вест Хем го чува најдобриот стрелец до 2024 година

Напаѓачот на Вест Хем, 31-годишниот Михаил Антонио, потпиша нов договор со лондонскиот премиерлигаш според кој би требало да остане до летото 2024 година, објави клубот. Пред да ја продолжи соработката, Антонио имаше договор со Вест Хем до крајот на јуни оваа година.


Робусниот напаѓач настапуваше за Нотингем Форест до 2015 година, а во последните шест и пол години се претвори во еден од клучните играчи на Вест Хем, особено во последните две сезони под водство на тренерот Дејвид Мојес.

Антонио постигна 55 гола во дресот на Вест Хем. Тимот во моментот се наоѓа на петтото место на табелата во Премиер – лигата со 34 бода, еден помалку од Арсенал кој ја држи последната позиција која води во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови