Најдобриот играч на Тотенхем оваа сезона, Хјонг-Мин Сон ќе паузира еден месец поради повреда на мускулот. Кореецот доживеа пех на првиот полуфинален натпревар од Карабао купот против Челси, кој неговиот тим го загуби со 2-0.
Тој нема да биде на реваншот, а ќе ја прескокне и неделната пресметка со Морекамб од ФА Купот, како и натпреварите со Арсенал и со Лестер во Премиер – лигата. Доколку мечот со Морекамб е формалност за „спарс“, другите дуели би можеле да ја одредат сезоната на Тотенхем.
Како што е познато, Тотенхем го заврши натпреварувањето во Конференциската лига УЕФА бидејќи натпревар со Рен, кој не беше одигран поради проблеми со Ковид-19, беше регистриран со службен резултат 3-0 за францускиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal