Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ја коментираше ситуацијата со коронавирусот во клубот. Баварците имаат девет заразени играчи, но вечерашниот натпревар со Борусија Менхенгладбах треба да се одигра според планот.
„Излегуваме да го добиеме натпреварот. Ситуацијата не е оптимална, но мислам дека не е толку голема драма“, изјави Милер.
„Вчера бевме повеќемина на тренингот, имаше многу момци од вториот тим. Ќе видиме каков ќе биде нашиот стартен состав, можеби некои нема да играат на омилената позиција, но ќе излеземе да ги покажеме нашите квалитети на теренот. Можеби имињата на клупата ќе бидат прилично непознати, но тоа не значи дека нема и да постигнуваат голови. Млади играчи? Во фудбалот има многу случаи кога играчите непознати пред натпреварот стануваат препознатливи по натпреварот“, потенцираше искусниот Милер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













