Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги повика навивачите на „џалоросите“ да престанат со расистичките скандирања против ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ. Инцидентот се случи во вториот дел од синоќешното дерби во Милано кое „росонерите“ го добија со 3-1.
Мурињо го слушна скандирањето од секторот со гостински навивачи и веднаш ги повика приврзаниците да престанат. Навивачите на Рома го испочитуваа Португалецот и прекинаа со навредливото скандирање кон Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ го започна натпреварот од клупата за резерви, но во вториот дел се појави во игра и му асистираше на Леао за третиот гол на Милан.
Мурињо беше тренер на Ибрахимовиќ во Интер во сезоната 2008/09. Тие двајца потоа се сретнаа и во Манчестер Јунајтед. Португалецот и Швеѓанецот секогаш покажувале многу пријателски односи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













