
Кристијано Роналдо го имаше најпопуларниот пост на Инстаграм во 2021 година. Станува збор за фотографијата со партнерката Георгина Родригес од крајот на октомври, кога објавија дека чекаат близнаци. Таа собра над 32 милиони лајкови.
На второто место се најде поп ѕвездата Аријана Гранде со фотографијата од венчавката со Далтон Гомес, која доби 26 милиони лајкови.
Следува Кајли Џенер за снимката со која потврди дека е повторно трудна. Снимката е прегледана 154 милиони пати и доби 24 милиони лајкови.
Били Ајлиш го урна рекордот на Инстаграм кога го покажа својот нов имиџ во март. Фотографијата доби милион лајкови за само шест минути, што во меѓувреме порасна на 23 милиони.
Најдобрите пет ги заокружува Лео Меси и фотографијата на која позира со дресот на ПСЖ, што им се допадна на 22 милиони луѓе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
