
Јувентус и Наполи ремизираа (1-1) во дербито во Торино, на стартот на 2022 во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој имаше проблеми со Ковид-19, сепак, одигра дваесетина минути во финишот на дуелот. Тој го почна дербито на клупата за резерви, но влезе во игра во 76.минута на местото на Матео Политано.
Дрис Мертенс во 23.минута ги доведе „наполитанците“ во водство, но Јувентус успеа да израмни во вториот дел преку Федерико Киеза во 54.минута.
Наполи е третопласиран со 40 бода, додека Јувентус е на петтата позиција и има пет бода помалку.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement