Луис Суарез на лето дефинитивно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а потоа ќе се пресели на потопло и поатрактивно место. Шпанските медиуми денеска потврдија дека Суарез нема да го продолжи новиот договор со Атлетик и дека на лето ќе го засили Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.
Суарез уште порано донесе одлука Атлетико Мадрид да биде неговиот последен клуб во Европа, бидејќи наскоро ќе наполни 35 години. Уругваецот пристигна во Атлетико летото 2020 година на срамен начин, бидејќи Барса буквално го избрка.
Суарез пристигна за мизерни пари, а потоа ја донесе титулата и покажа дека се уште е врвен напаѓач.
Сепак, оваа сезона е во сериозен пад на формата, на 25 натпревари постигна осум гола со две асистенции, во однос на лани кога на 39 натпревари постигна 21 гол и четири асистенции.
Од претходно се шпекулираше дека Суарез и Меси ќе играат заедно во Мајами, па можно е Аргентинецот да му се приклучи, но дури во летото 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













