Ливерпул бара засилување на крилните позиции бидејќи ги загуби Садиo Мане и Мохамед Салах кои заминаа на Купот на Африканските нации. Медиумите на Островот откриваат дека „црвените“ сакаат во своите редови да го доведат Луис Дијаз од Порто.
Ливерпул верува дека португалскиот клуб ќе се согласи за реализација на трансферот за отштета од 71 милион евра, иако Колумбиецот има откупна клаузула на 80 милиони евра.
Дијаз дојде во Порто пред две и пол години од колумбискиот Јуниор за „само“ 8 милиони евра и веднаш го привлече вниманието на големите европски клубови.
24-годишниот Колумбиец прерасна во прва ѕвезда на Порто и играше на двата меча од Лигата на шампионите против Ливерпул минатата есен, во кои го импресионираше Јирген Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













