
Роналд Араухо заработи незгодна скршеница на десната рака и ќе мора да паузира неколку месеци. Уругваецот е убедливо најдобриот дефанзивец на Барселона оваа сезона, доби уште поважна улога и затоа ова е еден од најтешките удари за каталонците.
Повредата е посериозна, не е прецизирано колку време ќе биде надвор од теренот, но се работи за неколку месеци.
Чави сега ги има само Пике и Ерик Гарсија, на Мингеза и на Ленгле баш и не им верува премногу, а интересни опции има на пазарот во Челси.
Бидејќи Чави нема преголема доверба во Клемен Ленгле, а Самуел Умтити речиси сигурно заминува, не е исклучено Барса зимава да тргне на непланиран шопинг.
Секако, тоа му прави проблем на Челси, кој има тројца дефанзивци на кои договорот им истекува на лето и сите се на радарот на Барса – Аспиликуета, Кристенсен и Рудигер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
