
Општиот хаос што го предизвика новиот сој на коронавирус „омикрон“ во Италија се пренесе и на Серија А. Поради влошената епидемиолошка состојба беше сосема извесно дека сите натпревари планирани за 20. коло ќе бидат одложени, но на итниот состанок на лигата, сепак, беше одлучено првенството да продолжи непречено.
И тоа ќе беше крај на приказната доколку не интервенираа локалните здравствени власти кои им забранија на клубовите да излегуваат на теренот и така настана општ колапс.
Дербито меѓу Јувентус и Наполи е во центарот на вниманието, а последните вести предизвикуваат многу полемики.
Тројца играчи на Наполи, Зиелински, Рахмани и Лоботка беа ставени во карантин по пристигнувањето во Торино, наводно не смееле да патуваат со екипата, а бидејќи биле во контакт со други, здравствените власти им предлагаат да играат со – маски!
Проблемот е што законот во Италија вели дека само оние кои ја примиле втората или третата доза од вакцината во изминатите 120 дена не одат во карантин.
Конфузијата настана кога беше одлучено триото на Наполи да биде ставено во карантин, а тие веќе беа во авионот за Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
