Connect with us

Монако го именува Филип Клемен за нов тренер

Францускиот прволигаш Монако го именуваше наследникот на Нико Ковач. Белгискиот стратег Филип Клеман ќе биде нов тренер на „кнезовите“.


Стратегот кој освои три титули во белгиското првенство, со Гент (2019) и со Клуб Бриж (2020, 2021), потпиша договор до 2024 година.

Тој треба да дебитира на клупата на Монако в недела против Нант во 20. коло од француското првенство.

Главна цел на Монако со Клеман на клупата е да се обиде да избори пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови