
Пјер-Емерик Обамејанг најверојатно и нема да се врати во тимот на Арсенал по завршување на настапите за Габон на Африканскиот куп на нации, туку веднаш ќе биде продаден. За него има интерес од Њукасл, но и од Јувентус, а раководството на „топчиите“ веќе ја пронајде неговата замена. По барање на маненаџерот Микел Артета отпоочнати се преговори со шведскиот репрезентативец Александер Исак кој го носи дресот на Реал Сосиедад.
Арсенал е подготвен да ја плати и отштетната клаузула која изнесува 75 милиони евра и долгорочно да го реши прашањето за нов напаѓач. Од „Емирати“ можеби ќе си замине и Александре Лаказет, па Артета сака да обезбеди нов квалитетен голгетер кој ќе функционира во тандем со Бакајо Сака.
За Александер Исак се интересираше и Барселона, но во моментов Арсенал е многу помоќен финансиски од каталонскиот гигант кој се наоѓа во голема криза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
