Во игрите „топло-ладно“, Шкендија денеска во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига мора да игра на победа во пресметката против Борец.
По претходното реми со Македонија ЃП за тетовци секако единствено во мислите се трите бода, и покрај фактот дека Борец е незгодна екипа која знае да ги изненади фаворитите на домашната сцена.
Од останатите мечеви, погледите насочени и кон Ѓорче Петров каде Македонија ЃП го пречекува Силекс. „Лавовите“ цели четири едноподруго натпревари не знаат за победа, а последен пат славеа на 29. септември на гостувањето против Струга ТЛ со 0-2. Токму поради тоа огромна е желбата да се дојде до трите бода во пресметката со кратовци.
ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ
Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal