Connect with us

Михајлов: Честитките за одличната есен обврзуваат за успешна пролет

Силекс беше во незавидна ситуација, испаднат од елитата, без тренер и без поголем дел од фудбалерите. Раководството на клубот го направи вистинскиот потег, го ангажираше Горазд Михајлов, кој успеа да состави респектабилен тим, го мина без пораз целиот есенски дел од шампионатот и го внесе Силекс во полуфиналето на Купот.


Поради овие одлични резултати, Горазд Михајлов е избран од Макфудбал за најдобар тренер за полусезоната во вторите лиги.

„Овој извореден успех и серијата во која забележавме 13 победи и два нерешени дуели, додавајќи ги тука и оние два натпревари од Купот каде ги елиминиравме Беласица, а потоа и прволигашот Брегелница, пред се се должи на самите играчи кои делуваа како еден тим – еден играч. Голема заслуга имаат сите инволвирани во фудбалскиот клуб Силекс, од економот па се до раководните луѓе. Морам да изразам огромна благодарност до управата и спортскиот директор Стевица Ристиќ, кои веруваа во мене и моите соработници, Мицков, Динев и кондицискиот тренер Христовски, како и до секретарот Иванов, заедно со медицинскиот тим и економатот во клубот. Уште при нашата прва средба во јуни јасно им беа претставени целите на играчите за оваа натпреварувачка сезона, а тоа беше предизвикот- настапот во Европа, каде несреќно испаднавме во последните секунди во дуелот со силниот противник Петрокуб и достојно го презентиравме македонскиот фудбал и нормално приоритетот – враќање во Првата лига како актуелен освојувач на Купот на Македонија“, вели Горазд Михајлов.

Но, при доаѓањето работите воопшто не беа сјајни и мораше да се постави систем на работа и да се реагира брзо.

„Ситуацијата не беше ни најмалку розова бидејќи по испаѓањето од Првата лига во клубот останаа само пет играчи од минатата сезона, но заедно со спортскиот директор Стевица Ристиќ и моите соработници во од ги ангажиравме играчите кои беа слободни во тој период на мак – пазарот и мислам дека успеавме во нашата замисла. Направивме спој на младост и искуство и не би сакал никого посебно да истакнувам бидејќи буквално сите се заслужни за овие резултати. Спроведовме одлични припреми каде играчите се запознава и со текот на времето растевме како екипа-тим и уште на стартот се поставивме како фаворит и во секој натпревар влегувавме максимално мотивирано како да се игра финале, без разлика кој ни е противник“, анализира шефот на стручниот штаб на Силекс.

Кратовци се лидери на табелата во Втората лига Запад, но не смее да има опуштање и во периодот што следи. Целта е јасна, враќање во елитата.

„Ќе бидам нескромен ако кажам дека сите честитки од сите страни ни годат, но истовремено не обврзуваат да продолжиме онаму каде застанавме, да продолжиме со добрите игри и секако позитивни резултати и да успееме во нашиот приоритет поставен во јуни, враќање во Првата лига. Знаеме дека пролетниот дел ќе биде пеколен и таа бодовна разлика не смее да не залажува, туку напротив, да не мотивира уште повеќе и да продолжиме во ист ритам“, заврши Горазд Михајлов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови