Македонскиот второлигаш Гостивар добива големо засилување за вториот дел од сезоната. Нов член на гостиварци е фудбалерот за врска Муарем Муарем кој доаѓа од Брегалница.
33-годишниот Муарем доаѓа како слободен агент, откако се раздели со Брегалница по завршувањето на есенскиот дел од сезоната.
Тимот на Гостивар со него ќе добие многу на квалитет и на искуство за вториот дел од сезоната во Втората лига Запад.
Покрај за Брегалница, Муарем Муарам во кариерата настапуваше и за Шкупи, Работнички и Тетекс на македонската фудбалска сцена, како и за Фљамуртари (Албанија), Актобе (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Ешкишехирспор и за Ордуспор (Турција) во странство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













