
Работнички нема првенствена победа во последните шест кола, позицијата на табелата не дозволува негативната низа да продолжи, а утрешниот ривал Борец е еден од директните конкуренти за опстанок. Оттаму во редовите на „романтичарите“ има максимална мобилизација, а капитенот Горан Силјановски вели дека мечот е како финале за неговиот тим.
„Сами дозволивме да бидеме во една ваква ситуација и самите треба да се извлечеме. Има квалитет во овој тим на Работнички, но едноставно работите не одат најдобро на резултатски план. Мораме да сториме се за да го добиеме утрешниот меч со Борец. Можам да кажам дека тоа е како финале за нас, бодовите ни се повеќе од потребни. Верувам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да го совладаме противникот“, вели капитенот на Работнички за официјалниот сајт на клубот.
Работнички е последен на табелата со 11 освоени бода, а Борец се наоѓа на осмото место и има 16 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
