
Ливерпул ја оствари и шестата победа во групната фаза од Лигата на шампионите и го урна сонот на Милан за пласман во нокаут фаза од елитното европско натпреварување. Англискиот тим славеше со 1-2 на „Сан Сиро“ со головите на Мохамед Салах и на Дивок Ориџи, откако Фикајо Томори донесе предност за калчолигашот.
Атлетико Мадрид се протна како второпласиран од групата Б во осминафиналето совладувајќи го Порто на гости со 1-3. Двете ткипи останаа со по десетмина, но тоа не му пречеше на шпанскиот состав да победи убедливо.
Гризман го отвори резултатот, а во финишот Кореа и Де Пол го нокаутираа Порто. На почетокот од мечот повреда заработи Луис Суарез. Порто погоди од пенал преку Серџо Оливеира во последните мигови и оди во Лигата на Европа, а Милан ги заврши настапите на меѓународна сцена.
Реал Мадрид го потврди првото место на табелата во групата Д откако го совлада Интер со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тони Крос со прекрасен шут од 25 метри донесе водство, Интер остана со играч помалку по исклучувањето на Николо Барела, а Марко Асенсио со фантастичен гол стави точка на триумфот на „кралевите“.
Бобан Николов одигра едно полувреме за Шериф во ремито против Шахтјор Доњецк и го постигна израмнувачкиот погодок (1-1) во 93.минута. Неговиот тим продолжува во Лигата на Европа како третопласиран во групата Д.
Ајакс со максимални шест победи го комплетира групниот сегмент откако славеше над Спортинг Лисабон со 4-2 во Амстердам. Халер, Ентони, Нерес и Берхуис беа стрелци за холандскиот тим. Спортинг Лисабон сепак патува во осминафиналето како второпласиран во групата.
Борусија Дортмунд за утеха ќе игра во Лигата на Европа, а во последниот меч го декласира Бешикташ со 5-0. Мален ја отвори серијата голови, а по двапати стрелаа и Марко Ројс и Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
