Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на Силекс, оствари нова победа во шампионатот совладувајќи го Тетекс во Кратово со 3-1. Домаќинот ја заврши работата веќе по првиот дел. Сашо Дуков беше двоен стрелец, а погоди и Јордан Серафимовски. Тетекс намали преку Дамјан Масевски во второто полувреме.
Вардар славеше на гости против Беса со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Филип Петковски во 78.минута од дуелот.
Воска Спорт сепак го чува второто место на табелата со победата (1-2) на гости против Велешта. Елмир Алији и Наум Вељаноски донесоа предност за Воска, а Ермин Анруши го постави конечниот резултат.
Охрид Лихнидос го совлада Гостивар со 4-2, а Кораби го победи Кадино со 1-3, со головите на Блерон Муча, Ујкан Муча и на Абдулвахит Мурати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













