Лајпциг го пречекува Манчестер Сити во последното коло од групата А на Лигата на шампионите, а нема да ја има поддршката на фановите. Натпреварот вечерва ќе се одржи зад затворени врати поради строгите ограничувања за коронавирусот во Германија.
Англискиот тим веќе обезбеди пласман во следната фаза, но за домаќините натпреварот е исклучително важен. Победа ќе им гарантира на Германците пласман во Лига Европа напролет. Доволно може да биде и реми доколку Клуб Бриж не го победи ПСЖ во Париз.
Се очекува Манчестер Сити да истрча со поголем дел од резервите, но Пеп Гвардиола најави дека сигурно Кевин де Бруин ќе биде во стартниот состав. Белгиецот сè уште не може да влезе во форма откако пред еден месец беше позитивен на коронавирус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













