
Бесарт Ибраими нема да го предводи нападот на Шкендија на утрешниот прв дуел од четвртфиналето во Купот на Македонија против Работнички. Оваа одлука денеска беше објавена и на официјалната веб-страница на тетовци, како причина наведувајќи го заморот кај „седумката“ на Шкендија по серијата тешки натпревари на оваа екипа.
Тренерот Ѓока најавил ротации во првиот тим за овој натпревар, Бесарт Ибраими заедно со Незири нема да се најде ниту меѓу 18-те фудбалери против Работнички, а за очекување е Шкендија да настапи во комбиниран состав, во обид да се избори за што подобар резултат пред реваншот во Скопје.
Првиот натпревар меѓу Шкендија и Работнички се игра утре со почеток во 13 часот на стадионот во Тетово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
