
Работнички утре во Тетово го заокружува есенскиот дел од првенството со гостување кај Ренова. По добрата игра и ремито со Шкендија во првиот четвртфинален меч од Купот, тренерот Марјанчо Андрески се надева дека тимот ќе повтори такво издание и против „гипсарите“.
„Одигравме квалитетно против Шкендија во Купот и се надевам дека ќе ја повториме таквата игра и против Ренова. Не треба ни се да споменува дека бодови ни се потребни со оглед на незавидната позиција на табелата. Работевме напорно, подготвени сме и одиме во Тетово да одиграме најдобро што знаеме“, изјави шефот на стручниот штаб за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Ренова и Работнички ќе го суди Албрим Шаќири од Струга. Негови асистенти ќе бидат Ацо Мацевски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Јован Качевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици
