
Ренова и Академија Пандев играат одлична сезона, а денеска во Тетово ќе имаат меѓусебна пресметка за втората позиција на табелата. Тие се единствените две екипи кои држат чекор со лидерот Шкупи.
Тимот на Ќатип Османи се надева дека ќе успее да оствари триумф со кој би се искачиле на второто место со идентичен број бодови како и Академија Пандев. Составот на Александар Васоски е во голем налет, има четири победи на последните пет натпревари и се надева дека ќе продолжи во ист ритам и во Тетово.

Во фокусот ќе бидат првите стрелци на двете екипи, Ремзифаик Селмани и Мартин Мирчевски.
Останатите натпревари од 15.коло ќе се одиграат утре, а се среќаваат: Шкупи – Струга Трим Лум, Пелистер – Скопје, Македонија ЃП – Шкендија, Брегалница – Борец, Тиквеш – Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер му постави ултиматум на Чалханоглу

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Спартак Варна
