
Академија Пандев е клуб што вообичаено им дава шанса на младите фудбалери да покажат што знаат и умеат и на сениорско ниво, внесувајќи го во светот на сениорскиот фудбал. Тоа е случај и со Иван Николов, суперталентираниот тинејџер на „пандевци“ кој денеска го потпиша и првиот професионален договор со струмичкиот прволигаш.
Николов е дел од Академија Пандев веќе три години каде настапуваше за младинските категории, а од оваа сезона е важен дел и во сениорскиот тим.
„Академија Пандев гледа светла иднина во 17-годишниот репрезентативец на Македонија и ова е првиот негов професионален договор што не прави посебно горди. Му посакуваме многу успешни настапи во сино-белиот дрес, а еден ден и како дел од некој европски великан“ – објавија „пандевци“ на својот официјален фејсбук-профил.
Струмичани благодарение на беспрекорната клупска политика веќе имаат еден трофеј во витрините, а бележат и одлични резултати во првиот дел од сезонава во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski