
Лидерот Шкупи оствари убедлива победа (5-0) над Пелистер и ја чува предноста на врвот на табелата во однос на ривалите. Дефанзивецот Ардит Иљази е задоволен од играта и победата на тимот и испрати благодарност за поддршката од трибините.
„Иако тренерот Гоце Седлоски не беше на клупата, успеавме успешно да ги извршуваме обврските. Секако дека сум задоволен од резултатот и настапот на тимот. Сепак, мораме да останеме на земја и да го продолжиме патот кон титулата. За крај сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи „Шверцери“ кои нè бодреа од почетокот до крајот на натпреварот. Од утре почнуваме да се подготвуваме за следниот натпревар против Струга Трим Љум“, изјави Иљази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
