Македонија е хит во светот на фудбалот, се најде во самата елита со пласманот во баражот за Светското првенство. Рамо до рамо со Италија, Португалија, Шведска, Русија, Шкотска…ќе се бори за учество на мундијалот.
Уште само три визи од Европа има за СП во Катар, а селекторот Благоја Милевски се надева дема едната ќе биде за Македонија. Во интервју за „Дејли Рекорд“, Милевски вели дека Шкотска е силна селекција, но и дека апсолутно верува во квалитетите на Македонија.
„Читам во мојата земја дека најдобро за нас би било ако ни се падне Шкотска и не разбирам зашто толку се потценува Шкотска. Шкотска е екстремно добар тим. Можам да разберам зашто луѓето велат само да ги избегнеме Италија и Португалија, зашто ѝ двете селекции се многу силни. Но, не постои лесен противник во оваа фаза. Кога сте дел од ждрепка со репрезентации кои се меѓу 20 најдобри во светот, невозможно е да очекувате лесен ривал. Но, и ние имаме играчи од врвните лиги и не се плашиме од никого. Овој тим нема лимит и тоа го покажа на теренот. Дури и подобри сме на гостински терен отколку дома. Тоа го покажвуаат и резултатите. Можеби и затоа што нашиот терен не е во најдобра состојба. Во секој случај, Македонија не е случајно во ова друштво и има квалитет да игра на Светското првенство“, изјави Милевски.
Македонија в петок ќе ги дозна ривалите за пласман во Катар. Во полуфиналето сигуирно ќе биде гостин кај некоја од селекциите носители, а потоа ќе следи и финале, последната пречка пред Светското првенство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski