Македонија ЃП успеа да го сопре лидерот славејќи со 2-1 на дуелот против Шкупи. Тренерот Муарем Бајрами го подигна тимот откако доби шанса да го предводи и вели дека е мнгу среќен поради големата победа и трите бода. Тој во минатото го предводеше Шкупи и се чини дека „незаслужено рано“ доби отказ од раководството на тимот од Чаир. Но, вели дека воопшто не ја чувствуваа оваа победа како „одмазда“.
„Нема никаква „одмазда“ за Шкупи. Едноставно, голема радост за триумфот на нашиот тим. Момците го заслужија тоа со желбата што ја покажаа во текот на мечот. Сите ние сме професионалци и го сакаме најдоброто за тимот во кој работиме. Македонија ЃП ми даде шанса и максимално се трудам да ја искористам“, изјави Муарем Бајрами, кој го наследи Александар Таневски на тренерската позиција на „лавовите“.
Македонија ЃП постигна победнички гол преку Кристијан Филиповски во 91.минута и по овој триумф се наоѓа на осмото место на табелата со 17 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













