
Саудискиот принц Мохамед Бин Салман е во Милано и преговара за купување на Интер, откриваат ексклузивно италијанските медиуми. Тој неодамна го купи Њукасл за 300 милиони фунти, а сака брзо да ја комплетира зделката и со купувањето на Интер, па потоа да почне со мегаломански инвестиции во двата клуба.
Јасно е дека кинеското семејство Жанг повеќе нема капацитет да раководи со италијанскиот клубот и да продолжи да инвестира поради сите проблеми со кои се соочи „Сунинг“. На кус рок, тие ги „закрпија“ работите со заем од 270 милиони евра, но сега преговараат за комплетна продажба на клубот.
Саудијците сега ги проучуваат хартиите, одржливоста на клубот и го чекаат конечниот одговор на кинеската влада, која го притиска Жанг да се ослободи од Интер.
Шеикот Салман ги гледа сите овие зделки како знак на престиж, но и моќта на неговата земја. Сликата на Леонардо ја купи за 450 милиони фунти, па фудбалските клубови секако се шега кога се инвестициите во прашање.
Саудијците во Италија не би се соочиле со протести како во Англија, напротив, би биле добро прифатени како сериозни инвеститори во еден од најдобрите италијански клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
