
Македонската фудбалска репрезентација останува на 74. место на ФИФА ранкинг листата. По победата над Лихтенштајн и поразот од Германија нашиот национален состав не забележа промени во позиционирањето на ФИФА листата.
Од нашите противниците во квалификациската група за СП 2022, пред нас се Германија на 12-та позиција, Романија на 41-ва и Исланд кој е на 62-ро место, а под нас се Ерманија како 89-та и Лихтенштајн 190-ти.
Во ноември избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одиграат последните два натпревари од мундијалските квалификации преку кои ќе се обидат да стигнат до баражот.
На 11-ти на гости против Ерманија и на 14-ти дома со Исланд.
На врвот Белгија останува прва, но сега има само 12 поени предност во однос на Бразил, што е ефект на двата пораза на Белгијците на завршниот турнир на Лигата на нации и добрата серија на „селесао“ во јужноамериканските квалификации.
Франција и Италија забележаа напредок и сега се на третото и четвртото место, додека Англија падна на петтата позиција на ФИФА рангирањето.
Дел од Топ 10 репрезентациите се и Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski