Поранешниот дефанзивец на Франција и Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, изјави дека му е смачено од фактот што Лионел Меси постојано ја освојува наградата “Златна топка”.
Меси повторно е жесток фаворит за освојување на наградата оваа година, а настанот се одржува на 29 ноември во Париз. 34-годишниот фудбалер би можел да ја освои “Златната топка” по рекорден седми пат во кариерата. Неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо е најблиску до него со пет награди.
Сепак, Евра смета дека оваа година “Златната топка” треба да отиде кај некој од играчите од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте или Jоржињо: “Според мене, еден од Канте или Jоржињо треба да биде победник,тие го заслужуваат тоа!”
“Не разбирам зошто луѓето велат ‘Тој е само играч од средниот ред’, тој освои се! Мислам дека ќе биде голема неправда доколку тој не победи. Доста е од Лионел Меси, смачено ми е од него. Што освои Меси минатата година? Ок, Копа Америка, но со Барселона, што направи?”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













