Многу контроверзи предизвика голот на Килијан Мбапе во финалето на Лигата на нации, а, се разбира, најмногу реакции имаше во Шпанија со оглед дека оваа селекција беше жртва на судиското правило. Иако беше во офсајд, голот на Мбапе беше признат, а судијата Ентони Тејлор се повика на пишаното фудбалско правило од страна на ФИФА и УЕФА кое вели дека недозволената позиција се поништува ако противнички играч има контакт со топката.
„Ентони Тејлор донесе коректна одлука, базирана на актуелното правило. Шпанскиот играч имаше за цел да ја удри топката, а противничкиот играч не влијаеше на неговата реакција и не му сметаше. Сставот на УЕФА е дека има начин да се подобри читањето на играта и да се адаптира правилот на духот на фудбалската игра, но во секој случај, арбитражата беше одлична“, изјави шеф на Судиската организација при УЕФА, Роберто Росети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













