Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг најави можност наскоро да го напушти Манчестер Сити. Има уште помалку од две години до истекот на актуелниот договор.
„Доколку има понуда од клуб надвор од Англија, јас сум отворен за разговор. Размислувам да го напуштам Сити. Искрено би сакал да се испробам на друго место. Тоа е предизвик. Отсекогаш сум ја ценел Премиер – лигата, но можеби е време за некој друг чекор“, изјави Стелинг.
Крилиот напаѓач не е во преден план кај менаџерот Пеп Гвардиола оваа сезона. Тој го имаше најдобриот ефект во сезоната 2019/20 кога постигна 30 гола на 51 натпревар.
Во моментов, Феран Торес, младиот репрезентативец на Шпанија, има предност во Сити пред Стерлинг.
„Не сакам да се жалам. Се обидувам да се фокусирам на себе. Би сакал да играм на секој натпревар, да постигнувам голови. Тоа е она што ме прави среќен. Јасно е дека сега не е така. Ќе видиме што ќе се случи во иднина “, рече Стерлинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













