Тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, верува дека дефанзивецот на тимот, Серхио Рамос, ќе успее да се опорави од повредата на коленото која го мачи од почетокот на сезоната.
„За жал, Рамос се уште не тренира со тимот, но тој е блиску до тоа. Да се надеваме дека ова ќе се случи што е можно поскоро. Задоволни сме од напредокот во неговата рехабилитација. Тој е голем шампион, никој не се сомнева во неговото ниво и талент. Сега го нема најдобриот период во кариерата, но е силен. Нема сомнение дека Рамос е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот“, изјави Покетино.
Рамос кој минатата сезона се мачеше со повреди, по доаѓањето во ПСЖ, повторно се повреди и е надвор од терените од почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal