
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао, се здоби со мускулна повреда на десната нога на натпреварот на Бразил против Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022. 23-годишниот одбранбен фудбалер поради ова ќе ги пропушти следните два натпревари на „кралевите“.
Милитао нема да биде во тимот на Реал Мадрид на натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите, а многу веројатно ќе го пропушти и „Ел Класико“.
Оваа сезона Милитао одигра осум натпревари во шпанското првенство. Реал Мадрид е лидер на табелата со 17 бода, колку што имаат и Атлетико Мадрид, односно Реал Сосиедад.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
