
Премиерлигашот Њукасл е заинтересиран за доведување на напаѓачот на Челси, Тимо Вернер. Англискиот клуб неодамна беше продаден на богати сопственици на Саудиска Арабија, кои се решени да “примамат” некои големи имиња на европскиот фудбал.
Како резултат на ова, Вернер стана цел на “чавките” и би можел да си замине од стадионот “Стемфорд Бриџ” доколку добие навистина примамлива понуда, вели германскиот весник “Билд”. Имено, напаѓачот и дефанзивецот на Њукасл, Фабијан Шар, имаат ист агент, за кој се вели дека е личноста кој се обидува да го реализира овој потег.
Без разлика на неговата форма во репрезентацијата на Германија, 25-годишниот фудбалер не ги исполни очекувањата на “сините” по неговиот трансфер од Лајпциг за сума од 53 милиони евра минатата година. За да биде ситуацијата за него уште полоша, европските шампиони го вратија Ромелу Лукаку ова лето и тој сега е стандарден во нападот на Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
