
Англискиот првак Манчестер Сити тргна во во акција и отпочна преговори со Ерлинг Халанд. Пеп Гвардиола сака да го има неверојатниот голгетер во тимот за следната сезона. „Граѓаните“ ќе ја платат отштетата од 75 милиони евра без проблем, но треба да се убеди самиот Халанд дека тоа ќе биде вистинскиот чекор за него.
Раководството на Манчестер Сити веќе почна преговори со агентот Мино Раиола и со неговиот татко Алфи Халанд.
Гвардиола и Раиола се во лоши односи уште од периодот кога Златан Ибрахимовиќ беше во Барселона, но не се очекува тоа да биде проблем за да се склучи оваа зделка.
Многу поголем проблем е конкуенцијата на голем број европски клубови кои исто така би сакале да го имаат Халанд во своите редови. Пред се атрактивноста на Реал Мадрид и на Барселона, Манчестер Јунајтед, Челси, потоа ПСЖ, Интер, па дури и моќта на новиот финансиски „ѕвер“, Њукасл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
